Албин Курти насамарен од руски шегобијци – обвинувања, заговори и лични навреди во таен разговор!

Премиерот  на Косово, Албин Курти, беше измамен од руски шегобијци, верувајќи дека разговара со претседателот на Латвија. За време на повикот, Курти изјави дека неговата влада е жртва на „хибридна војна“ водена од Србија, Русија и нивните сојузници во Косово. Тој, исто така, ја обвини опозицијата дека флертува со оваа „хибридна војна“.

Курти го обвини и поранешниот американски амбасадор Ричард Гренел дека помогнал во соборувањето на неговата влада за време на неговиот прв мандат и дека се усогласил со косовската опозиција. Исто така, разговараше за работата на Гренел во Центарот Кенеди и за неговата сексуалност

 

Споделете