Кога излезе девојчето, Борe ѝ рече: „Немој да викаш, ќе пукаме“. Ја сместивме, јас и ја врзав устата со лента. Со селотејп и ги врзавме нозете преку вреќата. И рековме: „Не викај, ќе те пуштиме по некое време.“
Таа само кимна. Телефонот на девојчето Борe го скрши со чекан, ја извади и батеријата. Кога стигнавме, Љупчо рече: „Ќе оди и таа“. Ја распраша каде и работат родителите и за дедо и. И ги побара броевите, а таа му ги даде. Ја праша и колку станови имаат.
„Од тато не барај пари, тој не не сака, мама душата ќе ја даде“, му рече таа на Палчо, се вели во исказот на Манев.
По неколку моменти, Палчо ја убил. „Решен е проблемот, нема што да се секираш“, го тешел убиецот.
На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Велибор Манев даде детален исказ за настаните поврзани со грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Според неговото сведочење, вечерта на 27 ноември 2023 година, тој и соучесниците чекале во влезот на зградата каде што живеела Вања, следејќи ги инструкциите на Љупчо Палевски – Палчо. Кога девојчето излегло, тие ја пресретнале, ја врзале и ја ставиле во вреќа за спиење што претходно ја земале од канцеларија.
Манев изјави дека Палевски им покажувал фотографии на телефон, уверувајќи ги дека ја киднапираат вистинската личност. Откако ја внеле во автомобилот, се упатиле кон локација позната како Дупки. Таму, Палевски ја испрашувал жртвата за нејзиното име, родителите и потеклото. Откако ги добил одговорите, предложил да ја извадат од автомобилот за да ја фотографира и да испрати слики до семејството.
Кога ѝ го тргнале салотејпот од устата и ја откопчале вреќата, Манев сфатил дека не станува збор за возрасна личност, туку за дете. Тој предложил да ја ослободат, истакнувајќи дека сите биле со маски и никој не можел да ги идентификува. Сепак, Палевски одбил, му наредил да замолчи и, користејќи перниче за да го загуши звукот, ја застрелал девојката.
Судењето продолжува, а јавноста со голем интерес го следи овој случај, кој предизвика бројни реакции.