Според известувањето од ЈП Водовод и канализација – Скопје

Почитувани жители на Општина Карпош,

Според известувањето од ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска, 6 март 2025 година, поради замена на два затворачи на водоводната мрежа со пречник од Ф-150 мм, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците на следните улици:

Улица Руџер Бошковиќ на потегот од Булевар 8-ми Септември до улица Никола Тесла

Дел од Булевар 8-ми Септември на потегот од Булевар Партизански Одреди до улица Илинденска

Дел од улица Орце Николов на потегот од Булевар 8-ми Септември до улица Никола Тесла

Ви препорачуваме да обезбедите потребни резерви на вода и да ја прилагодите вашата дневна активност согласно ова привремено прекинување на водоснабдувањето. ЈП Водовод и канализација – Скопје се извинува за можните непријатности и ќе се потруди интервенцијата да заврши во најкус можен рок.

За дополнителни информации, можете да се обратите на телефонскиот број на ЈП Водовод и канализација – Скопје: 02/3073-010.

Со почит,

ЈП Водовод и канализација – Скопје

Споделете