Вести

Јакимовски повторно во трка за Карпош – ќе се бори за петти мандат

Кандидатската трка за градоначалник на општина Карпош станува сè поинтересна. Покрај Сотир Лукровски и Маја Мојсова, своја кандидатура официјално потврди и актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

Јакимовски ќе се обиде да ја добие довербата на жителите на Карпош по петти пат, што би било своевиден преседан во локалната политика.

Со неговото вклучување, изборната битка во една од најголемите скопски општини добива нова тежина и ќе покаже дали граѓаните ќе изберат континуитет или промена.

Споделете