Човекот кој одамна го изгуби кредибилитетот сега го лечи своето его со најпримитивни навреди кон сопствениот народ.
Секој пат кога Бранко Тричковски ќе се појави во јавност, знаеме што следува: плукање по Македонците, евтин сарказам и болен обид да биде “провокативен”. Во својата последна писаница, човекот што сам себе се нарекува колумнист, ги нарекува Македонците “ништо”, “говно” и “Бугари кои се претставуваат како Срби”.
Ова не е критика – ова е плукање од човек кој никогаш во животот не сторил ништо за својата татковина. Ниту се борел за неа, ниту ја бранел, ниту придонел за нејзино добро. Но затоа прв е да ги омаловажува оние што ја изградиле со своите жртви.
Тричковски е типичен пример на стар, разочаран човек кој се храни од внимание. Со години живее во сопствениот меур на омраза и комплекси, убеден дека со навреди ќе изгледа интелектуален. Всушност, нема ништо интелектуално во тоа да го нарекуваш својот народ гомно – тоа е само знак дека умот ти е истрошен, а душата празна.
Овој таканаречен “новинар” е толку опседнат со навреди, што ако утре Македонците исчезнат, ќе остане без тема, без публика и без причина да стане од кревет. Можеби затоа толку се труди да предизвика реакција – за да се потсети дека сè уште постои.
А реалноста е сурова: Тричковски одамна не е фактор, туку реликт од едно време кога вулгарноста и омразата се продаваа како “слобода на израз”. Денес, тоа е само јадна слика на човек кој си ја изгубил честа, но не и потребата да ја навредува татковината од која земал сè, а не ѝ дал ништо.
Затоа, кога Тричковски зборува за “ништо”, најдобро е да си го задржи зборот за себе. Зашто тој е единствениот ништожник во оваа приказна