Искрено да ви кажам, не очекував многу. Се најдовме случајно во центарот на Делчево и решивме да застанеме за ручек. Влеговме во „Panorama“ – и не згрешивме!
Нарачавме мешана скара – ќебапи, врат, плескавица… и се беше топло, свежо и баш како што треба. Месото сочно, добро зачинето, сервирано со мерак. Не е некоја модерна фаца од ресторан, ама има вкус што ретко се наоѓа денес.
Најмногу што ме воодушеви беше персоналот – насмеани, културни, веднаш те услужуваат како да си редовен гостин.
И да не заборавам – цените се супер. За тројца јадевме убаво, порачавме и пијачки, и пак не излезе скапо. Во време кога насекаде се оди во небо – тука се уште можеш да јадеш квалитетно без да се фатиш за глава.
Од срце препорачувам. Нема луксуз, ама има душа – и добра скара!