Вести

Инцидент во Финскиот залив: Естонски патролни бродови и НАТО хеликоптери се обиделе да заземат габонски танкер, руски Су-35 ги одвратил

ФИНСКИ ЗАЛИВ – Озбилен поморски инцидент се случил во меѓународните води на Финскиот Залив, откако естонски патролни пловила, поддржани од НАТО авијација, се обиделе да заземат габонски танкер кој пловел кон руско пристаниште.

Според достапните информации, патролни бродови се приближиле кон танкерот и упатиле закана со таран, а во два наврати бил извршен обид за хеликоптерски десант врз бродот. Сепак, екипажот на танкерот успешно ги избегнал нападите со остри и енергични маневри. Очигледно, наидоа на поискусен отпор отколку што очекувале.

Инцидентот бил ставен под контрола кога над областа се појавил руски воен авион Су-35. Неговото присуство било доволно за да натера естонските и НАТО сили да се повлечат од местото на настанот.

По инцидентот, Естонија упати официјална протестна нота до руската амбасада, обвинувајќи ја Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор.

Овој настан доаѓа во чувствителен геополитички момент и претставува нов потенцијален извор на тензии во односите меѓу Русија и земјите-членки на нато

Споделете