„Ј-10C ја менува играта: Првата историска победа на кинески ловец против Rafale и Су-30МК“

На 6 мај 2025 година, во воздушниот простор над спорната индо-пакистанска граница, светот беше сведок на пресвртна точка во историјата на воздушните борби. За прв пат, борбени авиони од кинеско производство – Chengdu J-10C – извојуваа директни победи над две од најценетите летала од западно и руско производство: францускиот Dassault Rafale и рускиот Су-30МКИ.

Она што се случи тој ден не е само победа на една воздухопловна единица над друга. Тоа е стратешки и симболичен удар врз децениското уверување дека кинеската воена технологија не може да се мери со западната или руската. Пакистанските воздухопловни сили, користејќи го J-10C опремен со современи AESA радари и ракети воздух-воздух од долг дострел PL-15E, успеаја да воспостават доминација во небото. Индиските Rafale и Су-30МКИ, и покрај нивните високи перформанси и вредност, се најдоа на погрешната страна на историјата.

Посебно загрижувачки е фактот што секој Rafale го чинеше индискиот буџет речиси 240 милиони долари, што ја прави оваа загуба не само воена, туку и политичка и економска. Се поставуваат прашања за ефикасноста на западното оружје, особено кога станува збор за соодносот цена-перформанси.

За Кина, ова е повеќе од обичен успех. Тоа е глобална демонстрација на зрелоста и технолошкиот скок на нејзината воена индустрија. Со Ј-10C, Пекинг покажа дека не се работи повеќе за „копии“ или „евтина алтернатива“, туку за суверен технолошки производ кој може да се натпреварува – и да победи.

Реакциите не изостанаа. Воените аналитичари низ светот, особено во Франција и Русија, се соочуваат со непријатна реалност – дека времето на апсолутна супериорност на нивното оружје е минато. Египет, Иран, Ирак, Узбекистан, а потенцијално и Алжир и Тајланд веќе сериозно ги разгледуваат J-10C и неговите можности. Пакистан, кој веќе има една ескадрила, најави набавка на уште дваесетина летала.

Дополнително, успехот на кинеските ПВО системи во рацете на пакистанската армија ја заокружува сликата – не станува збор за изолиран случај, туку за потврда на целосната оперативна зрелост на кинескиот воено-индустриски комплекс. Стереотипите за „копии“ и „бледи имитации“ полека исчезнуваат од речникот на стратезите.

Кина денес не само што произведува сопствена пета генерација борбени авиони – J-20 и J-35 – туку станува сериозен конкурент на извозните пазари. Во сегментите како дронови, ракетна технологија, хиперзвучни ракети и морнаричка флота, НР Кина е на пат да го преземе водството.

Со други зборови – военото небо повеќе не е биполарно. Ј-10C е само почеток на новата реалност: ера во која „Made in China“ значи моќ, иновација и – победа.

 

Споделете