„Си ro сменија законот за да не одат во Идризово, сега бараат да се вратат во Владата”

Закон за спас, уцени за камбек: Стара гарда со ново сценарио

Пишува: Aerodromci

Во држава каде што правдата често се креира во партиски штабови, а не во судници, Македонија доби уште една лекција по политичка манипулација.  Летото 2023 година, во самиот финиш на мандатот на СДСМ и ДУИ, како подмачкано поминаа измените на Кривичниот законик – измените кои на никого не му беа итни, освен на оние кои имаа сериозни проблеми со законот.

Наместо ветената „правда за сите“, граѓаните сведочеа на правда по нарачка. Казните за злоупотреба на службена положба беа „пеглани“, предмети беа затворани, а функционери си здивнаа. Некои од нив и буквално – со куфери во раце, подготвени за странство.

Тивок удар врз системот

Без јавна расправа, без академски мислења, без транспарентност – со брза постапка и со пратеници кои гласаа без да прашаат зошто. Парламентот гласаше, а со тоа практично потпиша аболиција за низа поранешни моќници. Од ексминистри до директори и генерални секретари – целиот синџир на политички и административен криминал доби правен чадор.

Тогашната опозиција зборуваше за „легализирана кражба“, но немаше механизми да ја сопре. Народот се крена, но гласот брзо беше покриен со медиумски чадор – и партиски и платен.

Сега им пречи правдата

Иронично, сега – кога власта се обидува да отвори нови истраги, да врати барем дел од вербата во правниот систем, истите луѓе кои си ги спасија грбовите со измените, повикуваат на „заштита на демократијата“. Бараат избори. Се закануваат со улична мобилизација. Велат дека се мета на прогон.

Но граѓаните не забораваат: кој ја преспа борбата со корупцијата, сега нема право да се претставува како нејзина жртва.

Теренот се подготвува

Во позадина се активираат познати структури – невладини организации со блиски врски до поранешната власт, медиуми што досега беа тивки, а сега повторно гласни. Исто сценарио како и пред избори: прво хаос, па барање за нови избори.

Но овој пат, јавноста е повнимателна. Прашањето е – дали политичарите навистина имаат капацитет за саморефлексија, или сè уште се држат до истата стара мантра: „Ние или никој“?

Епилог

Кога законот ќе го скроиш за себе, а потоа се претставуваш како негов чувар – тоа е политичко лицемерие. Но кога бараш нов мандат врз основа на претходен криминал – тоа е веќе навреда за граѓаните.

Македонија има кратка историја на паметење, но оваа приказна – за спасот преку закони и повиците за нова шанса – не треба така лесно да се избрише.

Споделете