Фармацевтската компанија Алкалоид“ АД Скопје донираше 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија

Фармацевтската компанија
Алкалоид“ АД Скопје
донираше 15 милиони
денари во Фондот на
солидарност на Црвениот
крст на Република Македонија, со цел да
обезбеди поддршка за
настраданите во
неодамнешниот пожар во
Кочани.

Во соопштението
компанијата изрази длабоко
сочувство до семејствата
на настраданите и искрено
жалење за
ненадоместливите загуби.
,Алкалоид” исто така
изрази благодарност до
Црвениот крст и нивните
165 волонтери за нивната
несебична помош, како и до
здравствените
професионалци во земјата,
регионот и низ Европа, кои
ги ставија на располагање
своите ресурси и знаења во
клучните моменти од
животоспасувачката
мисија.

Од 16 март наваму
„Алкалоид“ во неколку
наврати симболично им
помогна на здравствените
установи во Македонија со
производи од својот
асортиман, во делот на
пројавените потреби.
Компанијата најави дека,
покрај финансиската
донација преку Фондот на
солидарност на Црвениот
крст, ќе продолжи да
помага онаму каде што е
потребна помош и
поддршка.

 

 

 

Споделете