Вести

Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка: Скопје повторно добива метрополски сјај

Чисти улици, и плоштад и најави за нов Луна Парк – градските власти ги презентираат плановите за модерно и уредено главно градско јадро.

 

Во вечерна обиколка низ централното градско подрачје, премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претставија новата слика на главниот град – уредени и чисти улици, оживеани плоштади и атмосфера која, како што нагласија, конечно наликува на метропола.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, Скопје постепено го враќа достоинството на современ европски град. “Граѓаните повеќе нема да бидат сведоци на онаа запуштена и сива слика што со години не прогонуваше. Ова е ново лице на Скопје – и никогаш повеќе нема да се повтори старото”, porača тој.

За време на обиколката, Мицкоски и Ѓорѓиевски го посетија и просторот предвиден за изградба на Луна Парк – проект чија реализација, како што беше најавено, ќе започне многу скоро. Луна Паркот, велат властите, не е потреба само за најмладите, туку и за целото Скопје и Македонија, како инвестција што ќе донесе нова содржина и повисок квалитет на урбаниот живот.

Градските власти уверуваат дека динамиката на уредување на јавните простори ќе продолжи, а најавуваат и повеќе нови проекти со цел главниот град да добие стабилен и траен развоен курс.

Најдоброто допрва доаѓа“, беше пораката со која заврши вечерната прошетка, како најава за следните фази од обновата на Скопје.

Споделете