Кога ќе помислиш дека дното е допрено, секогаш ќе се најде некој што ќе успее да го продлабочи уште малку. Во овој случај, тоа е Бранко Тричковски – човек кој одамна престана да биде новинар и се претвори во амеба на омразата, во гласен ехо на пропаднатите идеологии и потонатиот морален систем на партијата што ја поддржува.

Со својата објава „Ѓубрето го избра својот ѓубреџија“, Тричковски не го навреди само новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, туку и секој граѓанин што излезе на избори и го искористи своето демократско право да гласа. Тоа е плукање во лицето на народот, на сопствениот народ, кој го избира патот што тој го смета за подобар.
Бранко, како реликвија на едно минато време кога омразата се плаќаше добро, не може да сфати дека народот веќе не му должи ништо – ни внимание, ни почит. Тој живее во свет на минати привилегии, во кој верува дека со навреди и отровни статуси може да го надомести чувството на безначајност што одамна го проголта.
Додека СДСМ се обидува да се подигне од политичкото дно, токму ликови како Тричковски ја влечат уште подлабоко. Неговите зборови не се критика, туку автопортрет на еден човек што се изгубил меѓу реалноста и личниот презир.
Никој не бара од Бранко да сака некого, но барем може да се обиде да не го мрази целиот народ. Затоа што токму тој народ, кого денес го нарекува „ѓубре“, е истиот оној што со своите даноци му овозможувл да живее, да пишува и да се преправа дека е совеста на нацијата.
Но совеста не се купува со статуси. Таа се гради со почит.
А таму каде што завршува почитта, започнува Бранко Тричковски.
