СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС! Цеца разви бугарско знаме – салата зовре, народот со свирежи и викање ја прекина песната! (ВИДЕО)

 

Она што требаше да биде обичен концерт во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се претвори во вистинска драма! Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ приреди сцена што никој не ја очекуваше – во еден момент на бината разви бугарско знаме!

Публиката реагираше жестоко и гласно – салата одекна од свирежи, извиците „Срамота!“ и „Ова е Македонија!“ се слушаа од сите страни, а дел од посетителите ја напуштија салата во револт.

Видеото од моментот веќе кружи по социјалните мрежи и предизвикува лавина коментари. Дел од луѓето ја осудуваат Цеца дека свесно провоцирала, додека други тврдат дека не знаела што се случува околу неа.

Од организаторите нема официјална изјава, а јавноста очекува реакција и од самата пејачка.

Настанот ја потресе јавноста и повторно ја отвори темата за тоа колку музиката може да биде поле за политички пораки, дури и кога тоа не е целта.

Споделете