Она што требаше да биде обичен концерт во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се претвори во вистинска драма! Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ приреди сцена што никој не ја очекуваше – во еден момент на бината разви бугарско знаме!
Публиката реагираше жестоко и гласно – салата одекна од свирежи, извиците „Срамота!“ и „Ова е Македонија!“ се слушаа од сите страни, а дел од посетителите ја напуштија салата во револт.
Видеото од моментот веќе кружи по социјалните мрежи и предизвикува лавина коментари. Дел од луѓето ја осудуваат Цеца дека свесно провоцирала, додека други тврдат дека не знаела што се случува околу неа.
Од организаторите нема официјална изјава, а јавноста очекува реакција и од самата пејачка.
Настанот ја потресе јавноста и повторно ја отвори темата за тоа колку музиката може да биде поле за политички пораки, дури и кога тоа не е целта.
