Вести

СДСМ доживеа историски дебакл – партијата пред целосен колапс

 

Со едвај 125.000 освоени гласови на локалните избори, СДСМ се најде во најдлабоката политичка криза во својата историја. Партијата која некогаш ја имаше поддршката на стотици илјади граѓани, денес личи повеќе на ловечко друштво отколку на сериозна политичка организација.

Резултатите се поразителни, но не и изненадувачки. По години на внатрешни поделби, клиентелизам и изгубена врска со народот, граѓаните испратија јасна порака – доста беше од истите луѓе и празни ветувања.

На чело со Венко Филипче, СДСМ влезе во изборите со надеж дека ќе успее барем делумно да ја поврати довербата, но наместо тоа, доживеа нов пораз кој може да биде и последен ако не следи радикален пресврт.

Во партијата владее тишина, а меѓу редовите веќе се поставува клучното прашање:
Дали е време за смена на раководството?

Јавноста одамна чувствува дека СДСМ ја загуби идеолошката суштина и се претвори во затворен круг на истрошени кадри кои се борат само за функции и влијание. Партијата што некогаш се повикуваше на социјална правда, денес нема ни визија, ни енергија, ни доверба кај обичниот човек.

Ако нешто покажаа овие избори, тоа е дека Македонија влегува во нов политички циклус, во кој старите структури ќе мора или целосно да се реформираат – или да исчезнат.

Време е СДСМ да погледне во огледало и искрено да се запраша:
Дали ќе остане заробена во минатото, или конечно ќе најде храброст за нов почеток?

Споделете