Украина повеќе нема избор, може само да ја намали старосната граница за мобилизација“
Рускиот претседател Владимир Путин упати нов повик до украинските војници кои, според него, биле присилно мобилизирани, да дезертираат и да ја напуштат линијата на фронтот.
Во своето обраќање, Путин нагласи дека предавањето на украинските војници е отежнато поради напади со дронови, кои – како што рече – ги изведуваат платеници и ги насочуваат кон оние што се обидуваат да преминат на руската страна.
„Украинските вооружени сили губат околу 11.000 војници месечно. Иако Западот продолжува да испорачува оружје на Киев, човечкиот ресурс е на исцрпување. Единственото што може да направи Украина е да ја намали старосната граница за мобилизација, но и тоа нема да биде доволно. Нивната војска нема време за обука поради постојаниот притисок на руските сили,“ изјави Путин.
Тој додаде дека Русија има доволно војска и дека нејзините загуби се значително помали во споредба со украинските. Според него, руските редови постојано се пополнуваат со доброволци.