Животот го загуби Душко Чифлиганец во несреќа на мото трка во Чешка

Македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“ и директор на „Adora Living Solutions“, трагично го загуби животот во несреќа за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка.

Несреќата се случила за време на натпреварувањето, кога Чифлиганец паднал од моторот и се здобил со сериозни повреди, особено во пределот на главата. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде лекарите се бореле за неговиот живот, но повредите биле премногу тешки.

Веста за неговата смрт ја потресе македонската јавност, особено имајќи предвид дека Чифлиганец важеше за еден од повлијателните претставници на домашната бизнис сцена. Освен по својата деловна активност, тој беше познат и по љубовта кон мотоспортот и активниот живот.

Споделете