Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со својот колега од Хрватска, Андреј Пленковиќ, во пресрет на претстојниот извештај на Европскиот парламент за земјава.
Мицкоски информира дека ги користи сите свои контакти за да ја пренесе вистинската слика за напредокот на Македонија, вредностите што ги браниме и целта кон која се стремиме — полноправно членство во Европската унија, но со достоинство и крената глава.
Тој потенцираше дека Хрватска е докажан пријател на Македонија, чии поддршка и охрабрување се од големо значење во клучните моменти на европскиот пат.
„Македонија заслужува место во Европската Унија, но со крената глава“, порача Мицкоски по разговорот со Пленковиќ.