Пишува : Владимир Панчевски
Полека но сигурно стануваме држава која го убива времето на продуктивните, конструктивните и идејните народни маси живеењето во државата станува класично непродуктивно тепање време, гледање сеири, политички гафови и уште триста други популизми кои не поклопуваат незапирливо безмалку цела деценија. Од право и правда ни трага ни глас. Зоран Заев е тој кој го донесе овој бран промени и тие итаат кон крајната цел…
Пред некој ден ВМРО прослави 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 132 години ВМРО како идеја, ги повика гостите во античкиот театар Хераклеја во Битола убав голем значаен јубилеј – јубилеј на една голема вековна идеја на македонецот. Успони и падови со години до денешен ден!
Настанот слика и прилика на тоа што ни се случува во денешницава и сите сфери од животот:
Сцена прва:
Гостите од коалиционите партии седнати во први редови веднаш пред бината, а таму еден куп “непознати ликови” пребегани од власта на СДС, сега лути противници веројатно на самите себе но и на матицата од која доаѓаат пребегани во ЗНАМ (СДС) и ВЛЕН (ДУИ), седат и го чекаат говорот на премиерот.
Сцена втора:
Премиерот со поздравен говор им се обраќа на претходниве…
“ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на …
Публиката онаа од сцена прва со внимание го слуша говорот на премиерот кој целосно се однесува на нив, без срам и перде слушаат тие истите кои до неодамна во владата велеа: “Да господине Заев…” “Зошто вие сте најдобар…господине Заев…!
Власта нема контрола над правосудството инаку на прославата ќе дојдеа и обвинителите и судиите, затоа Дамева ја прати мајка ѝ да седи во театарот до Максо, добро и ги разбирам овие на власт тешко е со правосудството ако си ВМРО, можеш да правиш што сакаш ама милениците на СДС во правосудството како Кацарска и овие од СЈО не смееш да ги чепкаш ниту прогонуваш, не дај Боже да ги разрешуваш! Тие и разрешени седат удобно во своите фотељи бидејки газдата така им кажал.
Ќе прашате каде во Хераклеја беа патриотите, вмровците?! Извинете но прашањето не ви е коректно и на место! Тие беа зафатени не можеа да дојдат! Зошто?! Па повеќето длабоко се извинуваат имаа рочишта во Кривичниот суд во предметите што ги води СЈО, другите пак немаа викенд денови од затворските установи. Жалат, сакаа да дојдат срцето им чука за Македонија и идејата на ВМРО, ама не после 27-ми подобро на телевизија ќе го гледаат преносот. Добро е што дојдоа овие пребеганите од СДС да обелат образ!
Што ќе рече еден од темелниците на оваа држава Зоран Заев ова е тоа “ено опшесво за сите” Муљтикуљтур пу јаз’к!
За застареност на делата за минатата власт и да не зборуваме ете за 2-3 месеци ќе застарат апсолутно и “Бонусите на СЈО” конечно ем чисти ем со кеш во џебот. Ќе застари набргу и секаква друга одговорност на службените лица и политичари од минатата власт, само јадните Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски го изедоа немиен, морковот де! За брзо еве и ќе ги разрешат.
Чекам со нетрпение за брзо кој ќе биде следниот иселеник-гастербајтер од Македонија но и милијардер во правосудството, пак на грбот на сите нас, битката е за Судија во Стразбур со месечна плата од 40.000 евра пута 9 години и бонус платен стан и возило од гамата на БМВ Х2, сето тоа во еден пакет!
За 9 години со приход од вртоглави 4,5 милиони евра, добро околу 265 милиони денари не се милијарди, ама човекот мора да живее море хеј!
Текстов долг ама ете нешто поразлично од она што се сервира по медиуми: “Советник во Кочани нападнал службеничка со тврд предмет!”
Љубов или панаѓур?!🤦🏻 кој прочита, прочита, кој не НА ЗДРАВЈЕ!