Ажурноста и посветеноста на власта во предметот “Кочани” треба и мора да се прелее во сите сфери на општеството!
Пишува:Владимир Панчевски
Интересен предизвик за власта треба да биде шверцерски донесената последна измена на Кривичниот законик во 2023-та година со важност после 6 месеци пред промена на власта. Има решение како тие криминални измени за амнестирање на политичарите од одговорност можат да се прогласат за ништовни. Власта не смее да дозволи поради важење на поблаг закон да дојде до застарување на нивните кривични дела, без разлика дали за тоа гласало Собранието во тој момент.
Сето ова може да се врати назад и да се поништат правните последици доволно е да се покрене кривична постапка за неколкуте послушници кои ги предложија овие криминални измени за декриминализација, креаторите на тоа законско решение имаат име и презиме, постои умисла и намера за изигрување на граѓаните и избегнување на одговорност, а со тоа и помагање на сторителите на кривични дела кои биле носители на политички функции.
Никој не е над Уставот и со ваквите шверцерски решенија се рушат уставните гаранции!
Но за жал живееме во општество на популизам и една голема лага!
Кочани полека, пополека станува камен на сопнување…