Унгарскиот премиер со силна поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: „Да живее Македонија!“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес упати јавна поддршка за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „чувар на тврдината“ кој ја штити јужната граница на Европа од заканата на илегалната миграција.
„Тој е човекот кој стои на линијата на одбраната на Европа, човек кој не попушта под притисоците и ја брани својата земја и нашиот континент. Да живее Македонија!“, напиша Орбан на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со Мицкоски.
Оваа изјава доаѓа во време на засилена политичка активност во регионот,
Орбан, кој важи за еден од највлијателните лидери на европската десница, е долгогодишен сојузник на ВМРО-ДПМНЕ и неколкупати досега јавно го поддржал Мицкоски.
Изјавата предизвика реакции и во домашната јавност, особено во контекст на безбедносните прашања и улогата на Македонија во заштитата на надворешните граници на ЕУ. Политички аналитичари ја толкуваат како сигнал за продлабочување на соработката меѓу конзервативните сили во регионот.
Мицкоски, од своја страна, досега не одговори јавно на пораката на Орбан, но партиски извори велат дека тој ја цени поддршката и е подготвен за зајакнување на билатералната и европската соработка.