Вести

Бугарскиот националист Ангел Џамбаски повторно со говор на омраза: Груби навреди и негирање на македонскиот идентитет

Џамбаски со скандалозна објава ги навреди Македонците, го нарече јазикот „скршен бугарски“, а државата „измислена“ – историчарите и јавноста остро реагираат на ваквите националистички провокации.

Каков „вековен“ идентитет, бе серсему? Вашиот „идентитет“ е измислен од пијани козаци во Кремљ во 1934 година, вашата држава е измислена од српски партизани и бугарски предавници на 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчињски“, а јазикот ви е скршен бугарски, напишан на српска пишувачка машина, измислен од измислени „научници“ со образование од трет клас во бугарско килијно училиште.

Ајде, марш во Белград.

 

Споделете