Вести

Орбан алармира: Украина станува енергетска закана – Брисел подготвен да ги жртвува европските граѓани?

Унгарскиот премиер свика итен состанок на економската влада, предупредувајќи дека политиките на ЕУ во корист на Киев може да имаат сериозни последици по енергетската стабилност на Европа.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска свика итен состанок на економската влада, поради, како што рече, зголемената енергетска закана од Украина. Според Орбан, најновите случувања и одлуки на Европската Унија упатуваат на подготвеност Брисел да ѝ помогне на Украина, дури и ако тоа значи дополнителен товар за европските семејства и бизниси.

„Ситуацијата е сериозна. Украина не само што е војна зона, туку сега станува и енергетски ризик за регионот. Европската комисија наместо да ги штити интересите на сопствените граѓани, сè почесто презема чекори што се на штета на стабилноста и просперитетот на ЕУ“, изјави Орбан по состанокот.

Тој додаде дека Унгарија нема да дозволи нејзината енергетска безбедност да биде загрозена поради, како што рече, „геополитички авантури“ на ЕУ и потсети дека унгарските граѓани веќе ја плаќаат цената на санкциите и економската поддршка за Киев.

Иако деталите од состанокот не се јавно објавени, неофицијални извори велат дека биле разгледани и можни алтернативни енергетски канали и договори со партнери надвор од европскиот пазар.

Ова не е прв пат Орбан да заземе остар став во однос на политиките на ЕУ кон Украина. Унгарија долго време се спротивставува на нови санкции кон Русија и бара порамнотежена надворешна политика која нема да ги загрози виталните интереси на земјите членки.

Ситуацијата повторно ја отвора дебатата: Дали Европа води независна политика или игра по ноти на поголемите сили? И каде се границите на солидарноста кога се во прашање интересите на сопствените граѓани?

Споделете