Пишува: Владимир Панчевски
На овој ден 24 Мај 2025 година “Кирил и Методиј су шетали мало” и … денот станува ден на сесловенската писменост … што ќе рече еден неписмен гад кој осуди патриоти и уништи кариери и животи на многу професионалци и македонци.
Но овој пост не е за него, ова е пост за НЕ писменоста!
За жал многу неписменост на еден толку мал простор. Неписменост, незнаење, простотилок, полтронство, газење преку лешеви за пари и функции, се денешните квалитети за судија или обвинител!
Македонија длабоко чекори во четвртата деценија од нејзината самостојност.
Дали се описменивме за овие 34 години? НЀ!
Дали се опаметивме? НЀ!
Дали има надеж?
Кој ќе преживее ќе раскажува!
Неисцрпна тема на гафови стана правосудството во оваа држава многу неписмени кадри испливаа после поплавата на Шарената револуција, а денес веќе со години пливаат во длабоки води.
Кој го овозможува тоа?
Па за жал политиката!
Во последните случувања во овие институции се разви една таква шизофрена врска помеѓу власта и правосудството да не знае човек повеќе кој е кој и што е што?
Гонителите станаа миленици на власта која наводно е од страната на прогонетите, или не?🤔 Веќе трагичното станува смешно какви се игри се играат за туѓи животи и судбини.
Прогонетите се уште секојдневно се влечат по судовите, ги полнат судските сали на Кривичен трчајки по голготата на животот. Живи се сѐ уште постапките на СЈО, се изживуваат со луѓе од бизнисот и ситни државни службеници со кои политичарите си ги избришале рацете и валкани ги фрлиле бидејки повеќе не им служат. На грбот на сите профитираат судиите и обвинителите и си прават бизнис кариерни зделки!
Така беше со Коцевски кој со “потврдата за англиски јазик” во џеб си ја обезбеди светлата иднина во обвинителството. Така е сега и со Ленче која менувајки ги партиските бои повеќе пати сега се вградила во МНР па министерот Тимчо Муцунски сериозно лобирал да биде избрана за Судија во Стразбур, добро доколку не се поништи и така контроверзниот конкурс! (Објавен за 8 дена од кои 2 работни)
Најновите вести од правосудството кажуваат за длабоки позиционирања на судии и обвинители чие напредување не може без амин на власта.
Таков пример е судијата Илија Трпков брат на Лазо Трпков поранешен личен фотограф на премиерот Никола Груевски за кој се раскажува дека пред да стане судија брат му Лазо секој ден го прашувал Груевски “брат ми кога ќе стане судија?” (имал желба човекот па станал). За волја на вистината братот Лазо Трпков неодамна беше избран од власта во Програмскиот совет на МРТВ со одлука на Собранието на РМ, иако токму братот Илија Трпков го осуди премиерот Груевски за предметот на СЈО – Плацевите на Водно.
Сега Трпкови со оваа власт како смртни непријатели на груевистите и пријатели со власта се амбицирале уште повеќе па сега Илија во понеделник ќе го бирале за судија во Апелација Скопје се понудил човекот да го заврши предметот на СЈО – Талир против високи поранешни партиски функционери на сега позициската партија, меѓу кои повторно Груевски. 🤦🏻
Ах тие груевисти! Подобро пакт со ѓаволот (Максо, Меџити, Гаши, Таравари, па и ДУИ) отколку некој груевист да припари до власт, тие ја уништија Македонија и ја донесоа оваа власт до функции и политика. 🤔 Груевистите ги создале овие сега во власт, ма неее не верувам?!
Менаџментот за напредување на Трпков го организира вечната но и разрешена Дамева како разонода во слободно време кога не ги брка бизнис релациите на нејзиниот сопруг за кој двајца исклучителни новинари Љупчо Златев и Драган Милосављевиќ независно еден од друг во свои емисии брилијантно ги расчеречија политичките правосудни мрежи со предметот Скопски Пазар.
Дамева чија мајка е блиска со коалициониот Максим Димитриевски го смени својот дрес и сега игра како права вмровка од ЗНАМ менаџирајки за лични и интереси на власта.
Последниот избор на судии во Врховен е по принципот: стручниот на Кацарска, сестрата на адвокатот и старосФатицата на Донот. Тоа се тие вредности но и “знаење” да напредуваш со пазарења за предмети.
Пазарџиството во оваа фела одело и до избор на претседател во Врховен сега во понеделник со изборот на Трпков во Апелација, во Врковен претседател да биде повторно Беса Адеми каде во менаџментот ДУИ дигнал рачна бидејки Беса не им испорачувала ветено во минатото, па не би ја поддржале но затоа е тука коалициониот ВЉЕН кој кажал: “рука која дига рачна се сече!” 😳
Се сеќавате на судијата Трпков тој е оној од тефтерчето кој судејки ги патриотите во судница им рече: “Наведнете ги главите, побарајте прошка…! “
Партиотите остануваат да гнијат во зандани до следни локални, а може и до догодина до предвремени парламентарни кажано им е да не го отвараат ова прашање да не се наруши политичкиот загаден екосистем!
Нека е со среќа!
Забелешка:
Ставовите искажани во рубриката „Колумни се лични ставови на авторите и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Аеродромци