Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ја сподели радоста и гордоста по повод матурата на својот син, упатувајќи му мотивирачка порака во пресрет на новото животно поглавје
„Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински ☺️!“
Со оваа искрена и емотивна порака премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, му честиташе матура на својот син. Објавата беше споделена на неговиот официјален Фејсбук профил и предизвика бројни реакции и честитки од следбениците.
Мицкоски, кој и самиот е универзитетски професор на Машинскиот факултет во Скопје, со гордост најави дека неговиот син од октомври ќе биде дел од истиот факултет.
Оваа објава претставува редок, но топол семеен момент од страна на премиерот, кој често во јавноста е препознат по својата фокусираност на политиката и професионалните обврски.
Голем број граѓани му упатија честитки и убави желби на младото момче, посакувајќи му успех во понатамошното образование и животниот пат.