Вести

Сериозен инцидент на автопатот кон Ниш: Судир меѓу обезбедувањето на премиерот Макута и луѓето на Вучиќ

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од физичка пресметка и вербални закани помеѓу безбедносните тимови на двајцата највисоки функционери во Србија

Видео од инцидентот ⬇️⬇️⬇️

На автопатот во правец кон Ниш  се случил сериозен инцидент во кој, според објавено видео на социјалните мрежи, дошло до вербален и физички судир меѓу обезбедувањето на премиерот Ѓура Макута и лица од кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На снимката јасно се гледа моментот кога неколку лица во цивилна облека излегуваат од возилата и започнуваат расправија, проследена со закани, туркање и поставување на едни со други на автопатот.

Се уште нема официјално соопштение од страна на ниту една институција, но инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста и медиумите, особено поради фактот што се случил на јавно место и вклучува високо рангирани функционери.

Овој случај, како што коментираат аналитичари, го отсликува тензичниот однос меѓу двете најмоќни политички фигури во земјата и отвора сериозни прашања за безбедносниот протокол и координацијата на државните институции.

Очекувањата се дека во наредните денови ќе следат реакции и можно покренување истрага за утврдување на одговорноста за немилиот настан.

Споделете