Вести

Како да се изгради држава за иднината – пораката на Голда Меир

Клучот за развој и стабилност лежи во борбата против корупцијата и приоритетот на војската, образованието и здравството.

Познатата израелска политичарка Голда Меир во една од своите изјави јасно ја формулирала визијата за создавање на држава во која нејзините граѓани ќе сакаат да живеат и да се вратат. Според неа, за да се изгради стабилна и просперитетна држава, потребно е да се преземат конкретни чекори, кои го менуваат односот кон корупцијата и го ставаат акцентот на клучните професии.

Ако сакаш да изградиш држава во која ќе се вратат нејзините синови и ќерки, ако сакаш да ја изградиш државата од која ќе заминат само за време на празниците, ако сакаш да изградиш држава која нема чувство на страв од она што иднината носи, потребно е да се преземе само два чекори,“ вели Меир.

Првиот чекор е корупцијата да се изедначи со предавство, а корумпираните да се сметаат како предавници на државата, дури и до седмо колено. Овој пристап јасно покажува дека корупцијата не смее да биде толерирана и дека за неа треба да следи строга одговорност.

Вториот чекор според Меир е да се воспостават трите најплатени професии во државата: војската, образованието и здравството. Ова е показател за тоа колку овие сектори се важни за одржување на безбедноста, иднината и здравјето на нацијата.

На крајот, таа нагласува дека најважна е работата. „Работа, работа и работа, затоа што никој нема да ве храни освен самите вие, а вашата држава е потребна само на вас и на никој друг. Кога ќе ти стане животен стил, тогаш си ја постигнал целта,“ порачува Меир.

Оваа порака е особено важна за земји кои се соочуваат со предизвици како корупција, масовна емиграција и недоволен развој на клучните општествени сектори. Визионерскиот став на Голда Меир служи како потсетник дека само преку сериозен и посветен пристап кон државните институции и граѓанските обврски може да се создаде подобра иднина.

Споделете