Наутро вода пред кафе, за да не добиеш шлог

Кај нас е вообичаено по будење и миење да ја испиеме првото утринско кафе.
Навикнати сме дека тоа е нулта точка за денот пред нас.
Сè може, но дури по првото утринско кафе.

Знам дека многумина ќе престанат да читаат по следнава реченица, но ќе се обидам.

Одложете го првато утринско кафе за 90 минути и започнете го денот со чаша вода.
Ќе имате повеќе енергија и ќе го намалите ризикот од шлог и инфаркт.
Шлогот, или мозочниот удар, се случува кога крвта не може да стигне до дел од мозокот.
Ако крвта не стигне до одреден дел од мозокот, клетките таму почнуваат да умираат.

Инфаркт се случува кога крвта не може да стигне до дел од срцето. Како и мозокот, така и срцето има потреба од кислород и хранливи материи.
Ако некој крвен сад што го снабдува срцето е затнат, тој дел од срцевиот мускул почнува да умира.

Густината на крвта, односно вискозноста, игра значајна улога во развојот и на шлог (мозочен удар) и на инфаркт (срцев удар).
Ако крвта е густа, побавно тече низ крвните садови и се зголемува ризикот од создавање на згрутчувања (тромб).

Густата крв може да придонесе за покачен крвен притисок, што ги ослабнува ѕидовите на крвните садови, па може да дојде до пукање на крвен сад…

А кога ни е најгуста крвта? Па, наутро кога ќе се разбудиме.
Во текот на ноќта губиме течности.
Испаруваме, издишуваме водена пареа, ја полниме бешиката…

Како што се намалува количината на вода во телото, така крвта ни станува погуста.

Што не треба да правиме наутро?

Па, да ја згуснуваме крвта уште повеќе.

А токму тоа го правиме со кафето.
Нашата крв е најгуста наутро, а тогаш е и најголема веројатноста за инфаркт и шлог, бидејќи потешко се пумпа низ крвните садови кога е густа.

Тој ризик лесно се неутрализира со 2-3 дл вода.
Кога ќе испиете чаша вода на празен стомак, таа релативно брзо се апсорбира во телото.

Поголем дел од водата за 5 минути поминува низ желудникот и оди во тенкото црево, каде што се апсорбира во крвотокот за 15-20 минути.

Водата ја намалува густината на крвта така што го зголемува нејзиниот волумен, и протокот на крвта се подобрува.
Една чаша вода наутро буквално може да биде разликата дали ќе добиеме шлог тој ден, доколку веќе постојат предуслови.

Да напоменеме и дека со разредување на крвта се подобрува циркулацијата, до мозокот и мускулите стигнува повеќе кислород, па сме поенергични.

Затоа, по еден час до час и половина откако сте испиле вода на празен стомак, може кафе.

Колку сте во поризична возрасна група, толку повеќе треба да го почитувате ова.

 

Споделете