Вести

Премиерот Мицкоски на средба со врвни светски имиња од крипто-индустријата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со две истакнати личности од светот на новите технологии и глобалните финансии – Крис Павловски и Џанкарло Девасини.

Џанкарло Девасини, сопственик на Tether (USDT), е едно од највлијателните имиња во индустријата на криптовалути, а неговата визија и работа на полето на иновации и економски напредок оставаат силен впечаток на светско ниво.

На средбата се разговарало за можности за идни соработки, конкретни идеи и иницијативи што можат да придонесат за економски развој и технолошки напредок на Македонија.

Премиерот Мицкоски ја изрази благодарноста за поддршката и вербата во македонскиот потенцијал, нагласувајќи дека ваквите средби се потврда дека со вистинските партнери и визија, Македонија може да чекори кон просперитет и современа иднина.

 

Споделете