5 Мај е потсетник дека македонскиот јазик не е само средство за разбирање – тој е срцето на нашиот идентитет. Со него сме плачеле, пееле, мечтаеле, се бореле. Тоа е јазикот на баба и на дедо, на училишните тетратки, на првата љубов, на последното збогум.
Нека секој македонски збор што ќе го кажеме денес биде тивка победа над заборавот.
Да го чуваме, да го негуваме, да го носиме со гордост – затоа што тој нè има сочувано.
Среќен Ден на македонскиот јазик! Зборувај македонски. Гласно. Гордo.