СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик. Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид. Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.