Такси возач во Скопје се качи на автомобилот за да го спречи пајакот да го однесе

Утринава пред железничка станицана Скопје се случи несекојдневна сцена, кога такси возач се качи на сопствениот автомобил во обид да ја спречи пајак-службата да го подигне возилото. Според очевидци, возилото било неправилно паркирано, по што пристигнала пајак-службата за да го отстрани.

Возачот, забележувајќи што се случува, тргнал кон автомобилот и без двоумење се качил на покривот, настојувајќи на тој начин да го спречи подигањето. Ситуацијата предизвикала метеж и внимание кај минувачите, од кои дел го снимале настанот и ги споделиле снимките на социјалните мрежи.

По неколку минути, службениците повикале полиција. По интервенцијата на полицијата, возачот бил симнат од возилото, а автомобилот сепак бил подигнат. Против возачот ќе биде поднесена пријава за попречување на службено лице при вршење на службени дејства.

Видео ⬇️

 

Споделете