Во вистински македонски стил, тројца наши креативци ќе бидат дел од култната американска серија „The Simpsons“. Невена, нејзиниот брат Наум и сестрата Калина — триото кое стои зад детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“ — ќе се појават во една од новите епизоди на анимираната серија која со децении ја освојува публиката ширум светот.
Во новата епизода, авторите на серијата воведуваат лик на спортист кој доаѓа во Спрингфилд како вистинска сензација — и тоа од Македонија! Иако очекувавме борба, ракомет или барем кошарка, ликот ќе биде — бејзбол играч, што во духот на хуморот на „The Simpsons“, носи дополителна доза иронија и симпатичност.
Тимот на „Дарко Биберко“ не само што учествувал во преводот на делови од епизодата, туку имал и консултантска улога. Врвот на нивниот придонес е песната што заедно ја отпеале — оригинално на англиски, а потоа ја адаптирале на македонски јазик.
Премиерата на епизодата ќе се емитува во САД во недела, на 27 април во 20:00 часот по источен американски стандард (EST), односно во 2:00 часот наутро во понеделник по македонско време — на американската телевизија FOX.
„Навивајте за нашите Springfield Isotopes,“ порачуваат Невена и тимот, со благодарност до композиторката Кара Талве, која ја овозможила оваа соработка.
Линк: ⬇️
https://m.imdb.com/news/ni65242159/?ref_=nm_nwr_2&fbclid=IwY2xjawJ5aCJleHRuA2FlbQIxMQABHmey-0ORMQA3ZHjq_0KYC3SRsaMNrkTHY9B6O11WFKFYIe29KM7EF8xYjBsX_aem_lPBm9FN8S9FmA_19GJrxDA