Пишува:Владимир Панчевски

Во нашава држава во моментов се случува последната битка на елитите “роторот” и “статорот” на општеството, ова е битка за опстанок или едните или другите и од тоа зависи кој курс ќе го добие Македонија, најважно и математички прецизно граѓаните за 34 години самостојност не добија ништо.

Да не се занесуваме, Македонија веќе долго време не е држава на организирано уредување во функција на нејзините граѓани таа години наназад е дисфункционална држава каде обичниот граѓанин не ги добива основните гаранции за живот и нема основни услови за создавање и грижа за идните поколенија, под тоа подразбирам среден државен сервис, правна сигурност, воспоставени стандарди во секоја сфера и услови за живот и работа, пред се економска, здравствена па се до културна благосостојба на граѓаниот кој е основата на една држава. Без граѓани нема држава!

Ова се е познато и граѓанинот е веќе самосвесен за овие состојби и години наназад го бара своето чаре по белиот свет, а државата едноставно умира!

Проблемот што Македонија не е успешен проект е одговорност на тие што најпрво ја приватизираа и цицаа сите овие години, а најповеќе на погубната политика која тоа им го дозволи за и таа самата да профитира и опстои на своите позиции правејки компромиси за елитите, а не за граѓаните.

Како што сите монструми немаат лик така и нашиот државен монструм сега е во битка самиот со себе или со својот продукт, па оние најодговорните за закон и ред разјарени гонат се пред себе за да го обезбедат својот понатамошен опстанок. Затоа имаме состојби каде претседателот на антикорупциска е фатен во скандал за корупција, под истрага се близу 50 лица но немаме уапсен ниту еден обвинител од Кочани пред чии очи се случувале сите состојби кои доведоа до јагленисување на 62 лица!

Сега борбата во ова мочуриште повеќе не е политичка сега веќе е борба помеѓу политичката власт – “роторот” кој доаѓа и се менува секои 4 години “сакајки” да направи нешто и оние во институциите на бирократскиот апарат – “статорот” како комплот на сите минати власти и странски мисии кои се со неограничен мандат и работни места на неопределено работно време т.н АНТИСИСТЕМ!

Сега е време власта да формира свое специјално обвинителство по примерот кој ни го дадоа странците и да влезе во последната битка на расчистување, во спротивно ги чека пекол.

Кој ќе победи ќе видиме, живите ќе раскажуваат…

Споделете