КОСМИЧКИ ГЕНИ И ЗЕМНИ ГЛУПОСТИ: Новата книга за Атлантида и „древните Бугари“ ги руши сите граници на паметот

КОСМИЧКИ ГЕНИ И ЗЕМНИ ГЛУПОСТИ: Новата книга за Атлантида и „древните Бугари“ ги руши сите граници на паметот
Пишува: Предраг

Додека научниците ширум светот со години се борат да ја реконструираат вистинската историја на човештвото врз основа на факти, докази и логика, еден автор повторно се обидува да ни ја продаде старата приказна со ново пакување: Бугарите, ама древните, биле космички суштества поврзани со Атлантида. Да, баш така.

Во книгата „Атлантида и древните българи“, авторот Владимир Цонев ги фрла сите научни принципи во канта и не води на патување низ време, вселени и теории што би го натерале и самиот Ерик фон Деникен да подвие опашка од срам. Според Цонев, не само што Бугарите имале некаква мистична врска со Атлантида, туку биле и носители на „космички гени“, директни потомци на нивните создатели. Мисијата им била однапред одредена од некаква виша вселена – очигледно резервирана само за Бугари.

Цонев е автор на 40 книги, самопрогласен истражувач на „Именникот на бугарските кнезови“, „Веда Словена“ и дури и египетската „Книга на мртвите“. Тоа што некој сериозно го издава, а уште повеќе – го чита, ни кажува повеќе за состојбата на културната сцена, отколку за Атлантида.

И додека ние во Македонија се бориме со реални проблеми  некој си таму во Бугарија објавува книги во кои „древните бугари“ патуваат со летачки чинии и зборуваат со ѕвездени богови. Ако ова е „научнопопуларна“ литература, тогаш јас сум МАРСОВЕЦ

И ете – овие луѓе ни ставаат вето за влез во ЕУ.
Овие што тврдат дека сме биле исти.
Нивните создатели, не нашите.
Македонците и Бугарите немаат ништо заедничко.
НЕ СМЕ ИСТИ!

Споделете