Во периодот меѓу 18 и 21 април, непознати сторители извршиле кражба во домот на пратеникот и поранешен претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбата била пријавена вчера претпладне.
Од МВР информираат дека во домот било влезено со употреба на алат и сила, а сторителите однеле сеф со пари, како и други предмети од вредност. Случајот е регистриран и полицијата презема мерки за негово расчистување.
Фатмир Битиќи во изјава за ORA24.TV потврди дека имало провала во неговиот дом, но не сакаше да открие повеќе детали.
– Да… Не би зборувал за детали – кратко изјави Битиќи за ORA24.TV.
Се очекува МВР наскоро да излезе со повеќе информации околу истрагата и можните осомничени.