“Време е За заминување: Ахмети и крајот на една ера

Сѐ повеќе гласови од внатрешноста на партијата, но и од пошироката јавност, укажуваат дека вистинските реформи се невозможни без суштинска промена на врвот. Имено, најголемата пречка за внатрешна демократизација и обновување на довербата меѓу гласачите се чини дека е токму фигурата на Али Ахмети.

Ахмети, без сомнение, одигра историска улога во еден клучен период од современата македонска историја. Но времето неумоливо носи нови предизвици, а со нив и потреба од нови лидери, нова енергија и поинакви одговори. Политиката не смее да се врзува за еден човек. Партија што се темели на култ кон личност, а не на идеи, вредности и демократски капацитет, ризикува да стане заробеник на сопственото минато.

Со Ахмети на чело, ДУИ ја губи врската со младата албанска популација, која се повеќе се идентификува со алтернативи што нудат автентичност и промена. Дел од гласачите кои некогаш беа столб на поддршката за ДУИ, денес ја гледаат партијата како симбол на статус-кво, клиентелизам и внатрешна затвореност.

Пораката е јасна: ако ДУИ сака да остане релевантна во новата политичка ера, мора да покаже зрелост и визија. А тоа започнува со најтешкиот, но и најхрабар чекор – повлекување на Али Ахмети од чело на партијата и од активната политика. Тоа не би било пораз, туку чин на државност и лична одговорност. Простор за ново лидерство, нова генерација и вистински рестарт.

Историјата ќе го запамети Ахмети како личност со големо влијание, но иднината на ДУИ ќе зависи од тоа дали ќе се ослободи од неговата сенка.

 

Споделете