Цефиксим суспензија на Алкалоид во Шведска и во Норвешка.
Со големо задоволство ја споделуваме веста за проширување на Алкалоидовото портфолио во Шведска и во Норвешка.
Регулаторните агенции во овие две земји издадоа одобрение за ставање во промет на антибиотска суспензија која содржи цефиксим како активна супстанца, произведен од Алкалоид АД Скопје. Тој претставува прв регистриран цефалоспорински антибиотик од трета генерација за орална употреба во двете земји.
Ние во Алкалоид, поддржани од нашите ценети партнери на овие територии, продолжуваме да работиме со максимална посветеност со цел да ги направиме нашите производи достапни за што повеќе педијатриски пациенти.