ЕКОЛОШКА ХАВАРИЈА НА ДВА КИЛОМЕТРИ ОД ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ – „БАНОВИНА“ СТАНА ДЕПОНИЈА НА СРАМОТ

ЕКОЛОШКА ХАВАРИЈА НА ДВА КИЛОМЕТРИ ОД ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ – „БАНОВИНА“ СТАНА ДЕПОНИЈА НА СРАМОТ

Скопје, 16 април 2025 — Само две километри од зградата на Општина Аеродром, во срцето на населбата Горно Лисиче, се наоѓа „еколошка црна точка“ која со години го загрозува здравјето и животната средина на жителите – просторот познат како Бановина.

Локацијата, која пред изборите беше најавена како идно место за парк, терени за голф и спортски содржини, денес е пример за институционален немар и граѓанска несовесност. Иако по изборите градот Скопје краткорочно ја исчисти површината, таа брзо беше претворена во импровизирана зелена депонија од страна на Општина Аеродром, каде се оставаа гранки, дрвја и отпад од јавни површини.

Но проблемот не застана тука. Со текот на времето, локацијата прерасна во дива депонија, преполна со градежен шут, пластика, електронски отпад и секаков друг ѓубретарски материјал. Граѓаните, сведоци на оваа деградација, алармираат со години – но реакцијата на институциите останува млака или сосема отсуствува.

„Ова не е само срам за општината, туку и реална опасност по здравјето на сите нас што живееме во близина. Мирисот, глодарите и ризикот од пожар секојдневно не вознемируваат“, вели жител на Горно Лисиче кој сакаше да остане анонимен.

Граѓаните бараат итна интервенција: трајно расчистување на депонијата, контрола и санкции за несовесните фрлачи на отпад, и – најважно – конечно реализирање на ветените содржини.

Бановина може и треба да биде зелена оаза, а не симбол на неисполнети ветувања. Решението постои – потребна е политичка волја, контрола и ангажман. А времето истекува.

Видео ⬇️

 

 

Споделете