-
Пишува:Владимир Панчевски
Премиерот Мицковски или е премногу добар човек или навистина е со толку чесни намери и чесен однос кон луѓето што бескрајно им верува и ги почитува, дали поради позициите на кои се наоѓаат па очекува чесен однос па макар тоа биле и нелуѓе.
Како што доликува на еден вистински државник на власт премиерот во повеќе наврати по доаѓањето на власт најави одлучна и сериозна битка со корумпираниот систем во Македонија, како виновник го детектираше правосудството кое е со доверба од 2% кај граѓаните и конечно битката за расчистување на неспособните со мало задоцнување започна!
⭐️На 12.03.2025 година Собранието на Република Македонија по предлог на Владата изгласа недоверба на исполитизираните членови на Судскиот совет. Тие одбија да ја почитуваат одлука на Собранието кое ги избира и од кого влечат легитимитет и си останаа на позициите уште да служат на политиката која ги поставила!
⭐️На 11.02.2025 година Владата покрена постапка за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски за кој сите знаеме дека е предлог на Мала Речица и ДУИ впрочем на предлогот за негов избор стои потписот на бегалецот криминалец доктор Артан Груби.
⭐️На 25.02.2025 година Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски
⭐️На 26.03.2025 година Владата ја прекина постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради трагедијата во Кочани за да може да се продолжи со истрагата и постапката за разрешување да не пречи во процесот за добивање правда.
⭐️На 10.04.2025 година со посредство на ОБСЕ министерот за внатрешни работи Тошковски и републичкиот Коцевски си подадоа рака и се обврзаа на борба против криминалот и корупцијата.
Меѓутоа денес видовме дека “обвинителското змијско гнездо” инсталирано од ДУИ нема нозе но има отровни јазици и тоа треба веднаш одлучно да се мавне директно во чело и да се повика на одговорност што е можно побрзо за да не биде доцна!
Тука нема простор ни за трошка добрина и чесност каква што покажува премиерот, треба да биде јасно таа змијска правосудна структура е полна со зло и себичност за сопствен опстанок и функци, а ѐ посеана со зли и подмолни партиски инсталации и човечиња кои добро ги инсталирале своите кукавички јајца изминативе години! Цела шема и структура тлее во сите инстанци на правосудниот систем!
И вчера Коцевски повторно блесна нови отровни искри со политикантски закани токму од републичкиот обвинител кој како на Бит Пазар си тргува јавно со предмети и ѝ пркоси на власта!
⭐️ На 16.04.2025 година наслов во Република Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитираше акцијата на МВР за Кочани со тоа што јавно пред акција на МВР за приведување на лица, јавно ги објавил!
⭐️ На 16.04.2025 година истиот Коцевски на гостувајки на опозициска телевизија изјави Стигна одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, фирмата не постои од 2019 година но заради истрагата нема да објавам јавно!
Лекциите веројатно мора да се преживеат за да се научат, битно е само да нема големи последици. Следете го народот тој веќе долго време го чувствува системот на својот грб и знае!
П.С Колку за потсетување ваков однос кон нашиот премиер имаше и кандидатот за претседател на СДС- Венко Филипче, па откако премиерот го прими на лидерска средба токму пред партиските избори за претседател во СДС давајки му легитимитет како лидер на опозициска партија и ветувајки воспоставување на здружени партиски реформски тимови за доброто на Македонија, овој по изборот подмолно излезе на прес и го избрука премиерот пред македонската јавност дека е премиер на најлошата влада, а потоа отиде и во Брисел за да го зборува истото и таму.
ВРЕМЕ Е ДА СЕ СВРТИТЕ КОН СЕБЕ И СВОИТЕ, време е да се освестите, во овие луѓе и структури нема чесен и искрен однос, тие ја уништија Македонија, а сега сакаат да ве повлечат и вас!
Добрината и чесноста на крајот ќе се мерат со глупост!