Палевски денеска сведочи во судот за убиствата на Вања и Панче

Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува со сведочење на Љупчо Палевски
Дденеска, во Основниот Кривичен суд во Скопје, продолжува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски., На денешното рочиште, предвидено е сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски, кој ќе биде испрашуван од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа ќе одговара на прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.
На претходното рочиште, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, сведочеше и изјави дека нема никаква поврзаност со обвинетите, ниту ги познава. Тој одби да одговара на прашањата на Палевски, наведувајќи дека не сака да комуницира со него. Ѓорчевски истакна дека дал значителен придонес во истрагата и дека претрпел тортура при распитите.
Според обвинението, Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, испланирале грабнување на Вања со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Грабнувањето на Панче Жежовски во Велес било со намера да се добие неговото возило, кое потоа било користено за грабнување на детето во скопје. Телата на Вања и Панче беа пронајдени мртви на з декември 2023 година во близина на Скопје и Велес.
Судењето се наоѓа во завршна фаза, со сведочењето на Палевски како последен сведок пред да започне завршниот збор на странките.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Споделете