ЕУ не е Европа: Кога униформноста станува закана за народите

Пишува:

П.Лазаревски

Кога ќе помислиме на Европа, не мислиме на еден бирократски апарат со седиште во Брисел Мислиме на Рим. Атина Виена, Париз… на Шекспир . На народи со душа, историја и вредности. Мислиме на континент што со векови ја градела човечката цивилизација.Но денес, под името Европска Унија, гледаме нешто сосема поинакво Наместо соработка – директива. Наместо вредности — интереси Наместо култура – формулар. Европската Унија се повеќе личи на идеолошки проект отколку на заедница на слободни народи.
Старите нации се
разнебитуваат.
Националниот идентитет се стигматизира. Семејството, верата, традицијата — се третираат како непожелни. А народот? Тој станува статистика, административна категорија, а не вистински субјект на иднината.
Денешната ЕУ нё учи дека сите треба да бидеме исти, а истото не значи еднакво Еднаквоста подразбира почит, а не укинување Различноста е богатство, не пречка.
И затоа прашањето е неизбежно:
Чуму ни е Европа, ако треба да се откажеме од себе за да бидеме дел од неа?
Дали сакаме Европа на народите — или Европа на бирократите? Европа на духот или Европа на шаблонот? Време е да азмислиме што всушност значи „да си Европеец”. И дали тоа денес значи да го заборавиш сопствениот јазик, идентитет и корени – за да станеш дел од нешто што не те прифаќа таков каков што си
Европа без народи — не е Европа. Европа без душа — не е вредна

Споделете