Бугарија го претстави првиот Ф-16 борбен авион

Во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ денеска свечено беше претставен првиот борбен авион Ф-16 Блок 70, со што Бугарија официјално влезе во нова фаза на модернизација на своите воздушни сили.

На настанот присуствуваа највисоки државни и воени претставници, меѓу кои и бугарскиот министер за одбрана, Тодор Тагарев, кој истакна дека ова е „историски ден за бугарската армија и за безбедноста на државата“.

„Со набавката на Ф-16, Бугарија добива комплетно нов капацитет за заштита на своето небо и исполнување на обврските како членка на НАТО“, изјави Тагарев.

Првиот Ф-16 е дел од пакетот од вкупно осум авиони што Бугарија ги нарача од САД, а кои се очекува да бидат испорачани во целост до крајот на 2025 година. Станува збор за најсовремената верзија на американскиот авион, со напредна авионика, радар и системи за комуникација.

Со оваа набавка, Бугарија ќе почне постепено да ги повлекува постоечките советски авиони МиГ-29, кои се користат со децении.

Воени експерти велат дека новите Ф-16 ќе овозможат значително подобрување на воздухопловните капацитети на земјата, како и поголема интероперабилност со останатите сојузнички сили.

 

Споделете