🇬🇷 🤝 🇲🇰 По исклучително успешната соработка со Рпублика Македонија во реставрацијата на фреските во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Грција, која ќе продолжи со работи на надворешноста на црквата, Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕЦВПС) започнува нова соработка: проект за реставрација на црквата на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Трескавец. Манастирот претставува значаен византиски споменик од XII-XIII век, кој се соочува со структурни проблеми и оштетувања предизвикани од влага.
Делегација на ЕЦВПС, предводена од директорката Флора Карагијани и членовите на Управниот одбор – Т. Влахулис, раководител на Директоратот за реставрација на византиски и поствизантиски споменици при Министерството за култура, И. Папагеоргиу, заменик-раководител на Директоратот за византиски и поствизантиски антиквитети, и А. Тантсис, доцент по византиска археологија при Аристотеловиот универзитет во Солун – го посетија манастирот на 10 април, во придружба на амбасадорката на Грција во Република Македонија, г-ѓа Софија Филипиду.
Република Македонија беше претставена од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Присуствуваа и претставници на Заводот и музеј од Прилеп, кои ќе бидат асистирани од страна на ЕЦВПС.
Соработката меѓу двете земји во областа на конзервацијата на византиските споменици се заснова на меморандумот потпишан во 2021 година помеѓу Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Министерството за култура на Република Сев Македонија.