Младиот тенисер Максим Дојчинов продолжува да ги реди успесите на меѓународната сцена. Овој пат, тој настапи на престижниот турнир од втора категорија на Tennis Europe за деца до 12 години, кој се одржа во Скадар, Албанија.
Максим заедно со својот партнер Борислав Атанасов од Бугарија успеа да се пласира до финалето во двојки, што претставува значаен резултат на ова ниво на натпреварување. Иако во финалето загубија од романскиот тандем Рујан Коман и Андреј Григута, настапот на нашиот млад спортист е за почит и охрабрување.
вој турнир е само уште еден доказ за талентот и посветеноста на Дојчинов, кој со секој следен настап покажува дека е на вистинскиот пат. Заедно со поддршката од семејството, тренерите и училишната заедница, Максим покажува дека македонскиот тенис има светла иднина.
Неговиот успех е гордост и инспирација за сите млади спортисти