Претрес во Штип, приведен дилер, пронајдена дрога

На 08.04.2025 во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

Споделете