Петар Богојески именуван за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Петар Богојески, лидерот на „Македонски концепт“, е именуван за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – институција преку која во земјава се спроведува програмата „Еразмус+“ на Европската Унија.

Ова е прва државна функција за Богојески, кој со неговата политичка платформа стана коалиционен партнер во новата влада. Тој доаѓа на позицијата на Марко Ѓоргиевски, кој ја предводеше агенцијата од крајот на 2020 година.

Агенцијата претходно се најде под зголемено внимание на јавноста и европските институции, откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) отвори истрага за злоупотреби во рамки на програмата во периодот од 2016 до 2018 година, при што беше побаран поврат на 2,2 милиони евра.

 

Споделете