ACREM ја доби наградата „Професионален давател на услуги на годината“ на SEE Real Estate Awards

Компанијата Albanian Commercial Real Estate Management (ACREM), дел од BALFIN Group, е добитник на престижната награда „Професионален давател на услуги на годината“ на јубилејното 20-то издание на SEE Real Estate Awards, организирано од Europa Property.

Ова признание е од особено значење бидејќи ACREM ја претставуваше Албанија за првпат на овој настан, во конкуренција од над 300 номинирани компании од целиот регион на Југоисточна Европа.

Наградата ја прими извршната директорка на ACREM, Елда Хисенбели, која истакна дека признанието е резултат на посветената работа на тимот и нивниот стремеж кон професионалност и високи стандарди во областа на комерцијалниот недвижен имот.

– Оваа награда е доказ дека посветеноста, транспарентноста и визијата за иднината на комерцијалниот недвижен имот даваат резултати. Гордa сум на целиот тим и на нашата заедничка мисија да го обликуваме пазарот во регионот, изјави Хисенбели по примањето на наградата.

ACREM управува со некои од најголемите комерцијални објекти во Албанија, а нивниот успех на меѓународно ниво е потврда за растечката улога на компаниите од Западен Балкан во поширокиот европски економски простор.

Споделете