Вести

Кривична за началничка – Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот

Скопје, 7 април — Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе иницијатива за поведување дисциплинска постапка против началничка во полицијата, откако било утврдено дека незаконски си овозможила исплата на бонус плата за 2023 година.

Според неофицијални информации, началничката не ги исполнила потребните критериуми за добивање на бонусот, но сепак средствата биле префрлени на нејзината трансакциска сметка. Со тоа се отвора сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластување, па покрај дисциплинската постапка, се разгледува и поднесување кривична пријава.

„Станува збор за сериозен случај на нарушување на службената етика и довербата што граѓаните ја имаат во полицијата. Ќе постапиме во согласност со законот, без исклучоци,“ велат извори од Министерството.

Началничката е веќе времено отстранета од работното место додека трае истрагата, а од МВР најавуваат нулта толеранција за вакви постапки, без разлика на позицијата

Споделете