Вести

Кешишев на суд: Бев близок со Палевски, но не знаев за плановите за убиство

На  судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, своја одбрана даде обвинетиот Влатко Кешишев. Пред судијата Ивица Стефановски, Кешишев даде детали за својата улога во партијата „Десна“, како и за настаните што претходеле на трагедијата.

Кешишев истакна дека бил вработен како домар во просториите на партијата каде што, како што рече, секојдневно престојувал и се грижел за логистичките потреби – готвeл храна за членовите, а на симпатизерите им служел пијалоци. Посебно блиска, како што изјави, била неговата релација со Љупчо Палевски – Палчо, за кого рече дека му бил „како десна рака“.

Во врска со убиството на Панче Жежовски, Кешишев тврдеше дека бил далеку од местото на настанот кога се слушнал истрелот, и не знаел што точно се случувало во тој момент. Исто така, изјави дека не бил информиран за какви било планови поврзани со насилство или ликвидација. Според него, за некои активности дознал дури откако тие се случиле.

„Кога ја копавме дупката, Вељо ми рече дека никој не смее да знае за тоа. Ми делуваше како закана, но не знаев што се планира“, сведочеше Кешишев.

Прашан за оружјето што било користено, тој изрази сомнеж дека Палевски носел пиштол во ранецот, но истакна дека тоа го претпоставил врз основа на логиката дека оружјето би се забележало ако било ставено на појас. За тоа кој поседувал пиштол, Кешишев рече дека од изнесеното во судницата стекнал впечаток дека Боре Видевски е тој што го поседувал оружјето.

Кешишев потврди дека дел од видео-снимките што беа прикажани на судењето навистина се од моментот на грабнување на Панче, а на прашањето дали возилото „Рено Кангу“ било чистено со WD40 за отстранување докази

Споделете